Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Протеински ледени коцки: Десерт за сите оние кои внимаваат на линијата! (РЕЦЕПТ/ВИДЕО)

За сите што уживаат во слатки и десерти, а сепак гледаат што јадат и колку калории внесуваат, ова е совршен десерт.

Овие ладни коцки се прават многу едноставно, а целото семејство сигурно ќе ужива во нивниот вкус. На крајот на краиштата, тие се одлични затоа што имаат само 100 калории, така што можете да ги јадете без грижа на совест дури и ако внимавате на вашата тежина!

Состојки:

  • 500 гр сирење со малку маснотии (или кремсир)
  • екстракт од ванила
  • 500 мл протеинско млеко од ванила
  • засладувач
  • 75 гр лешници
  • 30 гр желатин
  • 100 мл вода
  • кокосово масло
  • 350 гр цреши

Подготовка:

Измешајте го сирењето, екстрактот од ванила, протеинското млеко од ванила, засладувач по вкус (онолку колку што сакате да е слатко) и мелените лешници. Додајте го желатинот во вода и почекајте 15 минути за да набабри. Подмачкајте ја тавата со маслото од кокос, а потоа додадете ги црешите и растопете го набабрениот желатин, на тивок оган. Додадете малку протеинско млеко, измешајте го желатинот со претходната смеса, а потоа истурете ја смесата над црешите. Замрзнете околу 90 минути и исечете ги на коцки.

Додадете малку цимет над црешите и уживајте во десерт кој има само 100 калории!

За додатни видео инструкции, погледнете го видеото:

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement