Од почетокот на коронавирусот, здравствените работници не предупредија дека е важно редовно да ги миете рацете и физички да се дистанцирате за да спречите ширење на вирусот. Но, научниците и инженерите велат дека исто така треба да размислиме за воздухот што го дишеме, особено во време кога децата се враќаат во училиштата и вработените во канцелариите.
Добрата вентилација е клучна, и има пет главни причини за тоа.
- Ако е загушливо, излезете од собата
Ако влезете во просторија и чувствувате застоен воздух, тоа значи дека има проблем со вентилацијата. Ако нема доволно свеж воздух, ризикот од инфекција со коронавирус се зголемува. Најновите истражувања покажаа дека во ограничените простори, вирусот може да се пренесе и преку воздухот, токму затоа што честичките на вирусот остануваат во воздухот.
Според прописите на работното место што важеа пред пандемијата, секој треба да добие по 10 литри на свеж воздух секоја секунда, и тоа е поважно сега од кога било досега.
„Ако просторијата е загушлива, само свртете се и отидете си. Циркулацијата на свеж воздух е клучна“, вели Др. Хивел Дејвис, технички директор на овластена институција на инженери за државни служби.
- Погледнете го климатизерот
Климатизацијата е добредојдена за време на топлите денови, како во канцелариите така и во продавниците и дома. Но, обрнете внимание на видот на клима.
Наједноставно е витка бела рамка поставена на sидови или тавани, позната како сплит климатик. Таквиот клима-уред го извлекува воздухот од просторијата, го лади и потоа го издува повторно. Со други зборови, тој го рециклира воздухот.
Ова не е проблем ако дојдете само на кратка посета, но може да биде ризично ако поминете долго време во таа просторија.
Студијата на кинески ресторан го обвини овој вид клима за ширење на вирусот. Еден клиент бил заразен, но не го знаел ова бидејќи сè уште не развил симптоми. Научниците веруваат дека гостинот го ширел вирусот додека зборувал и дишел, а поради струените воздушни струи се шири низ целата просторија. Како резултат, заразени се уште девет лица.
- Сооднос на свеж воздух
Колку свеж воздух можете да добиете во модерна зграда со затворени простори? Во такви згради се потпирате на систем за вентилација во кој од просторијата се влева застоен воздух и цевки до единицата за контрола на воздухот, честопати на покривот. Таму, свеж воздух може да се влече однадвор и да се меша со воздухот од просторијата пред да се испрати во зградата.
Со оглед на епидемијата, исклучително е важно да имате што е можно повеќе свеж воздух. Колку повеќе свеж воздух, толку помалку шанси за вдишување на вирусот кој циркулира во зградата, пишува Би-Би-Си.
- Проверете дали се чисти филтрите
Современите системи за вентилација имаат филтри, но дури и тоа не е гаранција за безбедност. Во САД, истражувачите од универзитетската болница во Орегон за здравство и наука откриле дека трагите од коронавирус биле заробени во филтрите за климатизација, но некои честички сепак минувале низ нив.
Професорот Кевин ван Ден Вимеленберг, кој го водеше истражувањето, верува дека земањето брисеви од филтерот може да помогне во откривање дали некој е заразен во зградата.
Во Јужна Кореја, во телефонскиот центар на 11-ти кат на деловна зграда, едно лице заразило повеќе од 90 лица. Доколку филтрите се проверуваат почесто, присуството на вирусот може порано да се забележи.
- Пазете се од пропусти
Секој експерт во оваа област ќе каже дека свеж воздух е клучен, но дури и тоа не е толку едноставно.
Ник Врит дизајнираше тркачки автомобили во Формула 1 и сега ги советува супермаркетите и компаниите за преработка на храна за тоа како да управуваат со протокот на воздух за да ги чуваат луѓето безбедни.
Она што го загрижува е дека ако заразено лице седи до отворен прозорец, тој ќе го шири вирусот во правец на воздухот што влегува низ прозорецот, односно поради таквата циркулација на воздухот, тој би можел да зарази и други.
- “Ако отворите прозорец, каде оди воздухот? Ние не сакаме луѓето да имаат директна линија на тој проток на воздух. Повеќе свеж воздух е генерално подобар, но ако тече хоризонтално и содржи честички на вирус, тоа може да има несакани ефекти”, вели тој.
Но, професорот Кет Нојкес не се согласува, велејќи дека додека вирусот циркулира низ воздухот и низ прозорецот влегува нов, свеж воздух влегува низ прозорецот, постои помал ризик.
Со оглед на тоа дека станува збор за релативно нов вирус, не изненадува што постојат несогласувања и спротивставени мислења бидејќи сè уште има многу непознати.
