Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Panettone: Најлесниот рецепт за сладок леб без кој Италијанците не можат да го замислат Божиќ

Овој леб во оригинал потекнува од Милано, а се карактеризира со лесна и мека текстура, но богат вкус.

Без многу работи може, но не и без panettone кој што задолжително треба да се наоѓа на маса во Италија за време на Божиќ и празниците.

Станува збор за благ леб кој што традиционално го приготвуваат за Божиќ и Нова година.

Лебот традиционално потекнува од Милано, а го карактеризира лесна и мека текстура, но и богат вкус.

Состојки за филот:

– 300 грама мешано суво овошје по желба ;
 100 грама кандирана кора од лимон или портокал; 
 6 лажици рум.  

Состојки за лебот:

 6 јајца;
– 480 грама тврдо брашно; 
– 250 грама путер; 
– 180 милилитри млеко; 
 50 грама шеќер; 
– 30 грама бадеми; 
– 1 сув квасец. 

Подготовка:

1. Исецкајте го сувото овојше и кандинарите цитруси на помали парчиња, ставете ги во еден сад и прелијте ги со алкохолен или безалкохолен пијалак по желба. Добро измешајте, покријте со крпа и оставете ги на собна температура во текот на вечерта.

2. За лебот: загрејте 150 милилитри млеко и оставете да постигне млака температура. Тогаш ставете го шеќерот и сувиот квацец. Добро измешајте и оставете квасецот да се „активира“ (околу 5 минути).

3. Ставете го брашното во садот со млекото и квасецот, па мешајте со миксер додека да направите тесто.

4. Додадете ги јајцата и продолжете да мешате додека не добиете еднолично тесто.

5. Малку по малку во тестото додавате 250 грама омекнат, но ладен путер, исецкан на мали коцки. Мешајте додека не стане тестото меко.

6. Префрлете ја смесата во плех, прекријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер во текот на вечерта.

7. Втор ден: ставете го тестото во правоаголен плех. Исцедете го овошјето, па поставете го на површината од тестото. Преклопете го тестото и направете соодветна форма со истото.

8. Оставете го лебот да отстои 2-3 часа.

10. Премачкајте го тестото со останатото млеко (околу 30 милилитри) и едно јајце.

11. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 20 минути. Потоа температурата намалете ја на 150 степени целзиусови, па печете уште 40 минути.

12. Оставете да се излади лебот, па послужете.

Пријатно јадење!

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement