Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Oва може да ве чини здравје а вие да не претпоставувате!Никогаш и никако немојте да ги миете овие садови во машината!

Машината за миење садови е вистински помагател во куќата и со него заштедуваме време што инаку би го потрошиле на миење садови, но …

Постојат садови кои не смеете да ги миете во машина за миење садови.

Сепак, измијте ги овие работи рачно:

Прибор од леано железо

Перењето во машина ќе го отстрани заштитниот слој на садовите и со тоа ќе доведе до појава на ‘рѓа, како на неа, така и на машината. Затоа, најдобро би било овие садови да ги миете рачно.

Кујнски ножеви

Поради високата температура, ножевите може да се случи со текот на времето да ја изгубат својата острина.

Садови од кристали

Средствата за машинско перење и високите температури имаат негативен ефект врз овие деликатни садови.

Дрвени садови

Некои дрвени садови можете да ги измиете во машина,но најдобро е да го проверите ова на декларацијата,избегнувајте табли за сечење, ножеви со дрвени рачки и измијте ги рачно. Причината за тоа е едноставна: поради високата температура, дрвените предмети ќе ја изгубат формата, но и квалитетот.

Садови од тефлон

Перењето во машина може да го отстрани последниот слој што е неопходен на овој вид садови.

Бакарни садови

Перењето во машина може да ја промени бојата на овие садови. Најлесен начин да го исчистите е да го посипете со сол и да го истурите со оцет. Оставете го да отстои дваесетина минути, а потоа исплакнете го под млаз млака вода.

Пластични садови

Тие можат да се стопат во машината. Тешките пластични садови може да се мијат машински, но секогаш ставете ги на решетката на врвот.

Алуминиумски садови

Овие садови задолжително измијте ги рачно, бидејќи тие ќе ‘рѓосаат на високи температури, но исто така ќе ја оштетат внатрешноста на вашата машина.

Садови со налепници

Рачно измијте тегли, шишиња и други садови на кои има етикети. Поради високата температура, можат да се одлепат и да направат проблем на машината.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement