Поранешниот готвач на кралското семејство, Дарен Мек Грејди, откри кое јадење ја привлекувало принцезата Дајана. На принцезата од народот, како што ја нарекуваа, омиленото јадење ѝ беа – пиперки полнети со зеленчук.

Подготовка:
Исечете ја пиперката на половина и исчистете ја. Премачкајте ја со малку маслиново масло и ставете во рерна да се пече.
Во меѓувреме, направете смеса за полнење со зеленчук.
Во тава испржете ги тиквичките што сте ги исечкале на коцки, додадете исечени печурки и парчиња домати. Кога доматите ќе го ослободат сокот, додадете малку пармезан и варен ориз. Кога пиперките ќе бидат подготвени, наполнете ги со смесата и одозгора посипете малку повеќе пармезан.
Ставете ги во рерна малку да се запечат.
Послужете со малку лут сос од домати на чинијата и ставете ја пиперка над него.
Пријатно!
 
						
									
 
								
				
				
			 
 
 
 
 
 
 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				