Познатата актерка има прекрасен тен благодарение на маските со состојки со висока хранлива вредност, кои ги меша дома и прави комбинација што ја храни и хидрира кожата на лицето
Едноставната маска што ја обожава Хали Бери се состои од класични состојки во кујната. Хали, всушност, меша една лажичка грчки јогурт и иста количина мед.
Медот е познат во старите ритуали за нега на кожата затоа што го храни и има голем број придобивки против стареење, додека јогуртот го освежува и хидрира и прави благ пилинг.
Хали понекогаш додава неколку капки хлорофил во оваа мешавина, што спречува воспаление и акни на кожата.
Ако забележи посилно сушење на лицето, Хали додава авокадо, во форма на капки, во рецептот.
Актерката ја остава оваа маска на лицето петнаесет минути, и често ја нанесува за време на туширање, додека порите и се отворени. Овој ритуал се смета за клучен за убавината и квалитетот на кожата.
„И не заборавајте на деколтето, луѓето често го забораваат. Маската најдобро се нанесува скроз до деколтето“ – истакна Бери за Mindbodyandgreen.
