Отровот – и соединението мелитин што го содржи – се користело против два вида на рак кои инаку се тешки за лекување.
Научниците тврдат дека откритието е „возбудливо“, но дека се потребни дополнителни истражувања.
Пчелниот отров има и антиканцерогени својства кај други видови на рак, како што е меланомот.
Студија на Институтот за медицински истражувања „Хари Перкинс“ е објавена во списанието „Nature Precision Oncology“.
Откриено е дека екстрактите од пчели се „исклучително моќни“, изјави Кјара Дафи, 25-годишен научник, кој го водела истражувањето.
Проверен е отров на над 300 медоносни пчели и бумбари. Утврдено е дека одредена концентрација на отров ги убива клетките на ракот во рок од еден час, со минимално оштетување на другите клетки. Исто така, откриено е дека токсичноста на отровот се зголемува во други дози.
Ракот на дојка е најчестиот вид на рак кој ги погодува жените ширум светот.
Иако во лабораторијата има илјадници хемиски соединенија кои можат да се борат против клетките на ракот, научниците изјавиле дека има малку што може да се произведе како лек.
