Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Научниците откриваат зошто коронавирусот доведува до губење на сетилото за мирис

Научниците открија зошто коронавирусот предизвикува некои пациенти да го изгубат чувството за мирис.

Привремено губење на мирис или анозмија е еден од најраните и најчесто пријавени предупредувачки знаци на „Ковид-19“.

Студиите сугерираат дека „разорниот“ симптом подобро ја предвидува болеста отколку другите добро познати симптоми, како што се треска или кашлица.

Но, вистинската причина за губење на мирис кај пациенти „Ковид-19“ е нејасна – до сега.

Истражувачите од Медицинскиот факултет Харвард во Соединетите држави идентификуваа кои типови на клетки што се користат за мирис се најранливи на инфекција од страна на САРС-КоВ-2, вирус што предизвикува Ковид-19.

Тие беа изненадени кога открија сензорни неврони, кои го детектираат и пренесуваат чувството за мирис на мозокот, не се ранливи на болеста.

Наместо тоа, нивната студија откриле дека ги напаѓа клетките што ги поддржуваат миризливите (офлакторните) неврони.

Д-р Сандеп Роберт Дата, вонреден професор по невробиологија на Медицинскиот факултет Харвард и коавтор на студијата, изјави дека ова е позитивен наод затоа што сугерира дека повеќето случаи на „Ковид-19“ веројатно нема да предизвикаат трајно губење на мирис.

Тој додаде: „Нашите сознанија укажуваат дека коронавирусот го менува чувството за мирис кај пациенти не со директни зарази на невроните, туку со тоа што влијае на функцијата на клетките за поддршка.

„Мислам дека е добра вест, бидејќи откако ќе се расчисти инфекцијата, миризливите неврони не треба да бидат заменети или повторно изградени од нула“.

Но, тој додаде: „Ни требаат повеќе податоци и подобро разбирање на основните механизми за да се потврди овој заклучок“.

Поголемиот дел од пациентите со „Ковид-19“ доживуваат одредено ниво на анозмија, но најчесто тоа е привремено.

Истражувачкиот тим се надева дека резултатите од студијата ќе помогнат да се забрзаат напорите за подобро разбирање на загубата на мирис кај пациенти со „Ковид-19“, што може да доведе до третмани за аномија и развој на подобрена дијагностика заснована на мирис на оваа болест.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement