„Ништо во животот не се мора, освен да умреме “, е стара поговорка која ја слушаме уште од млада возраст. И наскоро сфаќаме дека е повеќе од вистинито. Смртта е неизбежна и затоа се обидуваме да не размислуваме за тоа. Но, дали знаеме што се случува непосредно пред лицето да умре и дали тој момент може да се препознае?
Еден стручњак рече дека тешкото дишење и грофтање е знак на сигурна смрт што го чека некого во наредните 23 часа, пишува „Њујорк Пост“.
Овој феномен се јавува во време кога некое лице не е во можност да голта. Едно лице близу до смрт ќе дише поинаку, а тој уникатен звук е дел од тој феномен, вели Др. Даниел Мурел, од Американскиот универзитет на Алабама. Иако звукот е ужасен, лекарите уверуваат дека лицето не чувствува болка.
Во вакви случаи, медицинскиот персонал може да помогне и да ја ублажи болката на пациентот вртејќи го на негова страна за да ги расчисти дишните патишта.

Други знаци кои укажуваат на брза смрт се: збунетост, често зевање за да добиете повеќе кислород, губење на свеста и релапс, инконтиненција, промена на мирис на телото, агитација, темно модринки, лупење на кожата.
Минатата година, неврологот д-р. Камерон Шо открил што се случува 30 секунди пред некој да умре. Тој вели дека во првите 10 до 20 секунди го губиме чувството за себе, го губиме чувството за хумор, нашата способност да размислуваме. Тој тврди дека навистина има светло на крајот од тунелот, но тоа не мора да значи дека има живот после смртта.
„Знаеме дека овој феномен се случува во време кога мозокот веќе не прима кислород“, посочи Шо.
Тој додава дека во тој момент, човекот навистина ќе размисли за својот живот и некои сеќавања и ќе изгледа како животот да лета пред неговите очи. И не се вистински сите искуства надвор од телото, тоа е само трик на нашиот мозок, истакнува тој.Н
