Џејми Оливер е еден од најдобрите готвачи во светот, а овој Британец совладал разни светски кујни, но дури и денес тврди дека повеќе ја преферира италијанската храна.
Тој неодамна го откри својот совршен рецепт за познатиот болоњезе сос, оној со кој тестенините одат најдобро, и истакна дека е најдобро да се подготви со двојно количество, со оглед дека добар сос се готви најмалку два часа. За да ја направите вашата работа полесна следниот пат кога сакате шпагети – едноставно ставете половина во замрзнувачот.
Славниот готвач тврди дека е најдобро кога конзервиран излупен домат се користи за болоњезе, и кога целиот зеленчук се сече на коцки со слична големина.
И еве го неговиот детален рецепт.
Потребни состојки:
½ кг мелено говедско месо
½ кг мелено свинско месо
50 грама пушена сланина
мало гранче рузмарин
1 кромид
2 моркови
2 стапчиња целер
2 лименки пелат домати од 400 мл
1 лажица сок од домат
800 мл вода
малку маслиново масло
сол и бибер по желба
Подготовка:
Исецкајте ги листовите од рузмарин и испржете ги во малку маслиново масло. Додадете ситно исечена сланина.
Потоа додадете го говедско месо и свинско месо, зачинете по желба и треба смесата да врие околу 10 минути, мешајќи често, додека месото не се претвори убава кафеава боја.
Кромидот, морковот и целерот исецкајте ги на парчиња со слична големина, а потоа додадете ги во целосната смеса и оставете го да се динста уште десетина минути.
Потоа додајте го палет домато и заедно со сокот од домат во смесата, измешајте добро и додадете вода. Намалете ја топлината и вриете околу 90 минути.
Послужете топло со тестенини по желба и со рендан пармезан.

