Можете да ги извалкате во шеќер, стопено чоколадо или да ги јадете празни.
Состојки:
- 150 гр меко брашно тип 400
- 1,5 лажички прашок за пециво
- 200-220 мл јогурт
Подготовка:
Комбинирајте ги сите состојки во сад, а потоа истурете ја смесата во ќеса за замрзнување на која претходно сте и го исекле врвот. Внимавајте да не го исечете врвот премалку или премногу. Истурете масло во подлабока тава, а потоа истискувајте го тестото од вреќата за замрзнување во повеќе крофни, и пресечете го со ножици што претходно сте ги дезинфицирале. Кога ќе завршите, извадете ги на чинија обложена со салфетка.
