Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Mille-feuille – француски колач што ќе ве освои со својот вкус

Францускиот десерт mille-feuille (милфој) е колач што го обожаваат сите гурмани.

Кадифениот крем, мирисот на ванила и крцкавата кора со благ слој карамела не оставаат никого рамнодушен.

Потребно ви е:

500 гр. квалитетно лиснато тесто
700 мл. свежо, полномасно млеко
300 мл. слатка павлака
160 гр. шеќер
80 гр. пченкарно брашно
2 јајца
6 жолчки
ванила
Шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Измешајте го шеќерот со пченкарното брашно, а потоа додадете јајца и жолчки. Непосредно пред да зоврие млекото, истурете 1/3 од смесата со јајца и промешајте. Истурете ја целата смеса во тенџерето со остатокот од млекото, кое го вративме на оганот. Продолжете да мешате додека кремот не се стврдне и не започне да врие, а потоа тргнете го од оган и префрлете го во чиста чинија. Потоа покријте со крем-фолија што ја допира површината, за да не се формира кора, и оставете да се излади во фрижидер 2-3 часа.

Потоа намачкајте го лиснатото тесто на плехот за печење и прободете ја целата површина со вилушка неколку пати. Посипете со шеќер за да создадете слој карамел. Печете во загреана рерна на 160ºC најмалку 1 час. За половина час, свртете го листот со лиснатото тесто, а со крпа притиснете нежно за да излезе целиот воздух и повторно печете уште половина час. Овој процес го прави лиснато тесто крцкаво.

Лиснатото тесто исечете го на 3 еднакви делови. На првиот дел намачкајте половина крем од ванила и покријте го со друго парче лиснато тесто. Продолжете со кремот и покријте го со последното парче лиснато тесто. Посипете со шеќер во прав, украсете со бобинки и сервирајте.

Пријатно!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement