Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Мекдоналдс откри тајна: Еве зошто нивните плескавици НЕ ПРОПАЃААТ, користат многу едноставен трик

Од компанијата велат дека нивните плескавици се 100% говедско месо.

Гигантот за брза храна Мекдоналдс пред некој ден конечно одговори на долгогодишниот мит дека нивните плескавици не скапуваат, односно не можат да се расипат колку и да стојат, „затоа што се полни со адитиви“.

Тие рекоа дека нивната храна „се распаѓа во вистинското опкружување“.

„Без доволно влага – без разлика дали е во самата храна или во околината – бактериите и мувлата може да не растат, па затоа е малку веројатно да се распаднат“, рече компанијата во објавата на својата веб-страница.

Мекдоналдс не наведе што ги поттикнало да ја дадат оваа изјава, иако со години се шпекулираше за нивните плескавици, и во позитивен и во негативен контекст. Сепак, „виновникот“ за тоа е веројатно познатиот ТикТок.

На таа апликација се појави видео на кое се гледа добро сочуван „24-годишен хамбургер“, а тој рекорд стана вирален за момент, со повеќе од половина милион прегледи.

На краткото видео е прикажана жена како отвора кутија за чевли, во која со години чувала хамбургер Мек и помфрит, кои наводно сè уште се во оригиналното пакување од 1996 година.

„Храната подготвена дома што е оставена да дехидрира може да постигне слични резултати. Погледнете внимателно, хамбургерите што ги гледате веројатно се исушени и дехидрирани “, велат од компанијата, додавајќи дека нивните плескавици се направени од 100% чисто говедско месо, без конзерванси.

Прочитај

Green Tea

Човечкото тело е изложено на оксидативен стрес секој ден – процес во кој се создаваат вишок слободни радикали кои можат да ги оштетат клетките...

Four Seasons

Многумина кои размислуваат да се преселат во странство сега имаат одговор на прашањето кои земји се најбараните во светот за 2025 година. Луѓето сè...

Green Tea

Повторното користење на тегли и садови не е само практично, туку и еколошки и економично. Меѓутоа, ако остане леплив остаток, теглите изгледаат неуредно и...

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

Advertisement