Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Louis Vuitton го отвара својот прв ресторан

Откако Tiffany&Co брендот го отвори својот Blue Box Café во стоковната куќа Harrods, дојде вистинското време Louis Vuitton да направи нешто слично…

Прочуениот француски моден бренд одлучи да го остави својот личен печат и во угостителската индустрија. Откако допреа до нашето чувство за стил, сега се префрлија на нашето сетило за вкус, отварајќи го својот прв ресторан во Осака, Јапонија.

Подготвени да го отворат својот нов бутик, познатиот бренд одлучи баш таа локација да биде место за нивниот прв ресторан, наречен Le Café V. Ресторанот ќе се наоѓа на највисокиот спрат на новото седиште на брендот во Osaka Maison. Во него ќе се служи мени кое го креира славниот јапонски готвач Josuke Suga, а гостите на ресторанот ќе може да уживаат во погледот зад сцената, бидејќи сите оброци ќе се приготвуваат во кујна од отворен тип. Грандиозниот простор ќе содржи и бар, како и великодушно дизајнирана тераса.

Oтварањето на овој ресторан го потврди претседателот и извршен директор на Louis Vuitton брендот, Michel Burke, кој најави дека рестораните и хотелите ќе бидат дел од нивниот нов план. Louis Vuitton бутик во Осака ќе биде отворен на 1-ви февруари, додека ресторанот со работа ќе почне петнаесет дена покасно.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement