Секој ден, научниците откриваат нови детали за новиот коронавирус. Според неколку нови студии, пациентите кои го преживеале вирусот, дури и ако имале само благи симптоми, имаат основа за долготраен имунитет.
Антителата кои се борат со вирусот, како и Б-клетките и Т-клетките, можат да го препознаат вирусот во организмот неколку месеци по инфекцијата и да му помогнат да создаде одбрабрен механизам против новата инфекција. Меѓутоа, проблемот е во тоа што научниците не откриле колку долго овие клетки ќе го штитат организмот, но сè додека се таму – тие му помагаат на телото да се одбрани од повторна инфекција со вирусот и да го забрза неговиот имунолошки одговор.
Антителата се само дел од сложен и координиран систем што телото го користи за да се одбрани од инфекција. Вирусите кои успеале да ги заразат клетките создаваат штит против антитела, но сепак може да бидат уништени од Т-лимфоцити кои ги принудуваат заразените клетки да се самоуништуваат. Други Т-лимфоцити кои научниците ги нарекуваат „помагачи“ можат да ги стимулираат Б-клетките да произведуваат антитела. Друг дел од нашиот имунолошки систем напаѓа патогено неколку минути по нивното пристигнување и во исто време испраќа сигнали (цитокини) кои мобилизираат антитела од други делови на телото. Неколку докази покажуваат дека потешки случаи на „Ковид-19“ се случуваат откако тој одреден систем не успее да ја заврши својата работа.
Уште еден интересен податок што треба да се обрне внимание е самите антитела, кои имаат ограничено времетраење. Бидејќи тие се протеини, тие не можат да се репродуцираат, што значи дека по некое време (неколку недели или месеци) исчезнуваат од крвта. Б-клетките кои создаваат антитела живеат подолго од Y и Т лимфоцитите и може да започнат со производство на одбрана во случај на повторна инфекција. Овие клетки чуваат траги на „одбрана“ со месеци и години по инфекцијата. Токму овој механизам, според студиите на д-р Батачарија и д-р Пепер, може да ги одбрани телата на луѓето кои го преживеале Ковид-19.
