Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Која е Најздравата Положба за Спиење Според Научниците

Позата во која спиеме можеби не изгледа толку важна, но податоците покажуваат дека ние трошиме една третина од животот спиејќи, односно ние поминуваме 33 проценти од нашето време во една од позите што може сериозно да влијае на нашето здравје.

Спиење на грб

Десет проценти од луѓето сакаат да спијат на грб, што е всушност многу добро – поретко имате болки во вратот и грбот. Исто така, оваа поза може да ги намали главоболките и да го подобри варењето на храната. Луѓето кои спијат на грб се помалку склони кон брчки, бидејќи лицето не е потпрено на перница. Сепак, на бремените жени не им се препорачува да спијат на грб бидејќи може да почувствуваат абдоминален притисок и непријатност. Истото важи и за оние кои имаат апнеја.

Спиење на страна

Оваа позиција најмногу ја користат постари лица, а може да ги расчисти дишните патишта и да го намали грчењето, па затоа се препорачува за лица со апнеја. Експертите велат дека ги намалува болките во грбот и ја подобрува циркулацијата, што е одлично за оние кои имаат проблеми со срцето. Спиењето на страна може да го намали запекот и да го подобри варењето на храната.

Спиење на стомак

Иако на многумина им се допаѓа оваа поза, експертите велат дека не е најприродна, па затоа не ја препорачуваат. Може да почувствувате притисок на глуждовите, грбот и вратот, па може да развиете проблеми со ‘рбетот.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement