Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кој е за brownie со јагоди и кафе?

Brownie секогаш е добра идеја, а доколку ви досадија класичните рецепти со чоколадо, можете да го пробате овој интересен рецепт- brownie со кафе и јагоди во кое со сигурност сите ќе уживатедури и децата, бидејќи има сосема мала количина на кафе.

Состојки:

  • 200 гр темно чоколадо
  • 113 гр путер
  • 3 јајца
  • 170 гр шеќер
  • малку сол
  • 1 лажичка арома од ванила
  • 125 гр брашно
  • 50 гр ситно сечкано чоколадо на мали коцки
  • 3 лажици какао
  • 1 espresso
  • јагоди

Состојки за прелив:

  • 200 мл слатка павлака за шлаг
  • 200 гр чоколадо

Подготовка:

  • Стопете го чоколадото со путерот
  • Изматете ги трите јајца со шеќер додека не добиете убава, пенаста смеса
  • Кога смесата е убаво бела додадете го еспресото, 3 лажици какао, арома од ванила и стопениот путер со чоколадо
  • Мешајте до соединување на целата смеса
  • Додадете го брашното и сечканото чоколадо
  • На тепсија ставете хартија за печење и истурете ја смесата
  • Печете 20-25 минути; колачот не смее сосема да се исуши, мора да биде мек и кога ќе го боцнете со чепкалка таа треба да биде влажна.
  • Додека се пече колачот измијте ги јагодите, отстранете им ги дршките и пресечете ги на половина
  • Кога колачот ќе биде готов наредете ги јагодите на површината на колачот, една до друга

Поготовка на преливот:

  • Стопете го чоколадото со павлаката на послаба температура и прелијте го врз јагодите

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement