Штом веќе температурите се вратија во летна нормала, време е за нешто вкусно, студено и лесно подготливо. Па така, денес се одлучив да го споделам мојот омилен рецепт за сладолед. Согласно рецептот, вкупен број на сладоледи што можете да ги направите е 10, а нутритивните вредности се следниве:
- Вкупно калории: 120
- Масти: 12 грама
- Јаглени хидрати: 3 грама
- Протеини: 1 грам
Состојките што ви се потребни за овој рецепт се следниве:
- Авокадо: 3 убаво созреани
- Сок од лимета: 10 СЛ (супени лажици)
- Стевиа: 3 СЛ
- Кокосово млеко: 175 мл
- Кокосово масло: 1 СЛ
- Темно чоколадо, незасладено: 128 грама
Подготовката е едноставна и готова за неколку минути:
- Во блендер ставете го авокадото, заедно со сокот од лимета, кокосовото млеко и стевиата. Бледнирајте сѐ додека не добиете кохерентна и течна смеса.
- Смесата истурете ја во калапи за сладолед.
- Калапите ставете ги во замрзнувач најмалку 6 часа.
- Во сад со средна големина, ставете го чоколадото и кокосовото масло.
- Ставете го садот во микробранова сѐ додека смесата не се соедини, а потоа оставете ја смесата да се излади на собна температура.
- Мацнете го претходно замрзнатиот сладолед во садот со чоколадо, и уживајте во најосвежувачкиот вкус.
