Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

КЕТО ДЕСЕРТ #2: ЧИЗКЕЈК КОЈ СЕ ТОПИ ВО УСТА

Вториот десерт, кој морам да го подготвувам барем еднаш неделно (на барање од домашните) е чизкејкот. Топло го препорачувам на сите оние кои се обидуваат да ги намалат килограмите не користејќи бел шеќер, или пак оние кои треба да внимаваат на внесот на шеќер од здравствени причини.

Нутритивна вредност:

  • 570 Калории
  • 51 грама Масти
  • 15 грама Јаглени хидрати
  • 17 грама Протеини

Можат да се послужат: 10 парчиња

Па, сега е време да почнеме со подготовка.

Состојките што ви се потребни за овој рецепт се следниве:

  • Исечкани бадеми: 128 грама
  • Стевиа: 2 СЛ (супена лажица)
  • Мелен цимет: ¼ ЧЛ (чајна лажичка)
  • Путер: 2.5 СЛ
  • Крем-сир: 450 грама
  • Јајца: 2
  • Ванила: 1 СЛ
  • Павлака: 225 грама

Подготовката е едноставна:

  1. Загрејте ја рерната на 150 степени
  2. Во блендер ставете ги бадемите, стевиата и циметот.
  3. За да го направите тестото за чизкејкот, во сад со средна големина ставете го стопениот путер и додадете го миксот со бадемите.
  4. Ставете го тестото во тава за печење, и тргнете го настрана.
  5. Во голем сад добро изматете го крем-сирот, и тоа сѐ додека не стане пенест.
  6. Потоа, додадете ја стевиата и двете јајца. Добро измешајте.
  7. Откако ќе добиете кохерентна смеса, додадете ја ванилата и павлаката. Мешајте сѐ додека не добиете еднолична смеса.
  8. Истурете го овој микс врз тестото за чизкејк.
  9. Печето околу еден час. Во зависност од рерната, можно е да се потребни и дополнителни 30 минути печење.
  10. Исклучете ја рерната, а вратичката од истата оставете ја отворена. Оставете го чизкејкот уште еден час.
  11. Прекријте го чизкејкот со пластична фолија и оставете го да се излади во фрижидер следните 24 часа.
  12. Служете го ладен, на собна температура.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement