Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Juno-совршен инстант ладилник за вашите омилени пијалоци

Иноваторите од компанијата Matrix Industries ги слушнаа нашите поплаки и го креираа Juno – уред кој може инстант да ги разлади вашите омилени пијалоци. Овој уред е претставен во текот на настанот CES 2020. Уредот се состои од високи и широки комори за пијалоци, во кои можете да ставите цело шише вино, како и перфорирани разладувачки единици сместени на задната страна. Корисниците треба само да го отворат поклопецот на уредот, да го спуштат својот пијалок и да ги притиснат тастерите со кои се подесува интервалот на ладење.

Уредот доаѓа со едноставен вертикален LED светлосен индикатор, кој ќе ве извести кога вашиот пијалок ќе ја достигне оптималната температура. Кога пијалокот ѓе биде спремен LED светлото ќе ја промени својата боја од црвена во сина, додека пак трите тастери под неа ви овозможуваат опција за лесно подесување за совршено разладено црвено или бело вино, со опција за прилагодување по вашиот вкус.

Juno со својата термоелектрична технологија за ладење може да го олади секој пијалок. Оваа технологија функционира така што разладувачкиот џеб се полни со супер-ладна вода преку која топлината на пијалоците се пренесува понатаму. Уредот може брзински да олади шише вино, поточно за само три минути, додека пак шише пиво за една минута.

За сега немаме податоци за достапноста на овој иновативен производ, но секако се надеваме дека за брзо ќе биде пуштен во продажба.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement