Славната 35-годишна манекенка ја сподели својата утринска рутина за убавина на Инстаграм профилот на британски Вог и откри неколку тајни за нејзиниот навистина беспрекорен изглед, а првиот чекор е – мраз.
Криотерапијата на лицето не е толку нова и има многу придобивки што ги истакнуваат козметичките експерти: го намалува отокот, ја стимулира циркулацијата, ја затегнува кожата и и дава сјај како да сме биле на свеж воздух. Ирина го прави мразот претходната ноќ од вода со краставици и камилица, и додека минува со мраз преку лицето, на шега заклучува: ‘Па ајде да се разбудиме во Русија!’
Црвенилото предизвикано од студот наскоро ќе исчезне, а после тоа, Ирина нанесува навлажнувачки крем на лицето, вратот и деколтето. Потоа, кратко го масира лицето со масажер и ја стимулира дренажата, а потоа нанесува крем во пределот околу очите. Попрскува со мист од термална вода и повторно става хидратантна крема. Додека ја подготвуваше облеката и нанесуваше малку коректор на очните капаци (т.е. на местото каде што обичните смртници имаат темни кругови), таа носи маска за усни која подоцна ја отстранува со прстите. И voilá – подготвена е за денот и изгледа совршено! Ние мора да го испробаме тоа ‘руско будење’!
