Именуван за креативен директор на Dom Perignon брендот во 2018 година, Лени Кравиц ги истражи своите карактеристики при соработката со ова куќа за шампањ…
Поточно, тој се посвети на улогата – дизајнер. Инспириран од единствената атмосфера која вклучува дегустација на шампањ, Кравиц одлучи да го интерпретира ова уникатно искуство, креирајќи колекција од три дизајнерски изданија. Тој го издигна исконското Dom Perignon шише преку својата соработка, креирајќи ограничена едиција од рачно изработени детали. Шишиња со ограничено издание се достапни за Vintage 2008 и Rose Vintage 2006.
Неговата инспирација потекнува од историјата на познатата куќа за шампањ, а не застана само на редизајн на шишето. Лени Кравиц продолжи понатаму, сакајќи да создаде елемент за Magnum шишето кое ќе ја подобри фунционалноста на колекцијата во целина. Кравиц ја осмисли кутијата која се трансформира во свеќарник, обложен со сомот и појачан со вештачка змијска кожа, притоа креирајќи идилична трансформациска хармонија помеѓу мажевноста и женственоста.
Ремек дело на колекцијата секако е основата. Црно лакиран дел од намештај со детали од брусен месинг се открива како би се видело шишето за шампањ, чашите и кибла за мраз. Лени Кравиц додаде ново поглавие во својата визија и приказна за уметноста, каде секој елемент добива свое посебно значење. Дизајнот за него е извор на емоција, продолжувајќи ја приказната која е испишана со секоја дегустација.
„Сакав да создадам нешто што ќе го подигне ритуалот од секое испиено Dom Perignon шише и да обезбедам можност сите да се соберат и заедно да уживаат“, изјави Лени Кравиц.





