Во многу земји, мерките за безбедност поради корона вирусот, и понатаму се на сила…
Можеме слободно да кажеме дека корона вирусот, и сето тоа што го донесе со себе, не наведе да го евалуираме својот начин на живот. Хотелската индустрија ќе мора посебно да го промени својот пристап кон гостите, бидејќи многу луѓе се откажуваат од своите аранжмани, баш како што многу луѓе не сакаат да одат во ресторани во страв од зараза. Сепак за да продолжи со работа и на гостите да им понуди безбедност како прилог на врвната гастрономска понуда, еден ресторан од Амстердам дојде до уникатна идеја.
Водејќи грижа за мерките за социјално дистанцирање, Mediamatic ETEN, вегански ресторан сместен во Амстердам, ги повикува своите гости да јадат во индивидуални стакленици. Затворените стаклени структури опремени се со маси за две или три лица, со почитување на препорачаната одалеченост меѓу луѓето.
Коментирајќи ја оваа нова иницијатива, основачот на ресторанот Mediamatiс, Vilem Velthoven, изјави: “Ова беше една од најреалните идеи од големата листа до која дојдовме. Исто така имаме и поголеми стакленици на располагање, но ќе видиме дали ќе бидат ставени во употреба во зависност од развојот на ситуацијата. Единствените големи групи кои сега би ги прифатиле се семејствата, но препорачуваме тоа да се избегнува”.
Како ви се допаѓа оваа идеја?





