Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Гвакамоле Сос: Најубавиот вкус на Мексико – совршен за тортиљи,тост… Ќе го обожавате овој егзотичен сос!

Гвакамоли (guacamole, гвакамоле) е густ сос чија главна состојка е авокадото. Карактеристичен е за мексиканската кујна, а особено е популарен во комбинација со тортиља чипс. Името влече потекло уште од Ацтеките, кои го користеле зборот ahuacamolli (ahuacatl = авокадо, molli = сос).

Гвакамоли сосот е одличен за вашата вечерна забава или за занимација додека гледате телевизија. Се приготвува многу едноставно, а за него сигурно ќе добиете заслужени комплименти од гостите.

Состојки:

1/2 кромид, ситно сецкан
една рака свеж коријандер
1 лута пиперка (идеално би било халапењо)
сол и бибер по вкус
2 големи, зрели авокада (изгмечете ги со вилушка)
2 лажици сок од зелен лимун
2 парчиња сецкан млад лук
1 лажичка црн сусам

Подготовка:

Во сад измешајте кромид, коријандер, црвен пипер, сол и бибер. Стиснете со вилушка за да ослободите сокови и арома. Додадете го сокот од зелен лимун и авокадо. Мешајте додека масата не се соедини, а потоа додадете го младиот лук. Измешајте добро, а потоа посипете ја состојката по желба. Можете да користите семе од црн сусам, и ако сакате да експериментирате со вкусови, истурете коцки калинка или манго на површината.

На Здравје!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement