Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Golden Boy – Најскапиот бургер во светот со неверојатна цена

Ако сте гурмани кои особено сакаат бургери, оваа понуда е вистинската работа за вас…

За да го задоволи пребирливиот вкус на декадентните љубители на гастрономијата, Роберт Јан де Вин, сопственик на холандскиот ресторан De Daltons, штотуку го претстави најлуксузниот бургер во светот, наречен Golden Boy.

Тој за малку ќе ја грабнел круната од Outlaw grill бургерот од 325 килограми, што е прогласен за најскапиот бургер во светот од страна на Гинисовата книга на рекорди. Golden Boy доаѓа со полн вкус и изобилство на состојки.

Направен е Wagyu A5 гради, ребра, рак варен во бело вино, со перфекни прстени од кромид маринирани во Дом Перињон, винитџ шунка Јоселито, бели тартуфи, кавијар Белуга, чаден шафран, мајонез подготвен со јајца од патка и бургер леб попрскан со Дом Перињон шампањ.

Бургерот и понатаму е зачинета со сос за скара направен од Копи Луак кафе и „Macallan Single Malt Whiskey Rare Cask“, сирење чедар со тартуфи, специјално одгледувани домати и кисели краставици димени со виски.

Достапно во холандскиот ресторан De Daltons, лоциран во малото гратче Вуртуизен на 40 минути од Амстердам, Golden Boy ќе ве чини 5.911 долари! Дали вреди секој денар? Пресудете сами.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement