СОСТОЈКИ:
7 пиперки
100 гр ориз
4 лажици сецкани ореви
1 морков
1 кромид или праз
1 поголем домат
100 ml варени домати
сув зачин и сол
3 чешниња лук
мелен црвен пипер
малку толчење
бибер и масло
ПОДГОТОВКА:
Пропржете го исецканиот кромид и морковот во масло, додадете го лукот, црвениот пипер. Потоа додадете го измиениот ориз со ореви, ѝ целата смеса пропржетеја неколку минути. Додадете сол и малку зачин ако сакате, бибер ..
Измијте ги пиперките и извадете го семето. Подмачкајте ја тепсијата со масло, и полнете ги пиперките и наредете ја во тепсијата. Затворете со парчиња домат.
Премачкајте ги остатокот од доматите помеѓу пиперките. Размачкајте со варени домати и малку вода. Покријте со капак или фолија. Печете на 220 степени Целзиусови околу еден час.

