Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Диетата со која најпознатата холивудска Буцка се преполови!

Актерката Ребел Вилсон е уште една јавна личност која ги запрепасти сите со драстична трансформација на телото – и сега е откриено како ги изгубила сите тие килограми.

Вилсон истакна дека прво започнала да оди, а кога се стекнала со кондиција, се фрлила на работа со приватен тренер. Таа започна специфична програма за фитнес и интензивни кардио вежби.

Ребел на својот профил на Инстаграм објави дека целта и е да тежи 75 килограми до крајот на годината – и сè уште и требаат осум килограми до тој број…

Покрај вежбањето, промената во исхраната е одговорна и за неверојатната трансформација. Актерката одлучи да го испроба методот Мајр, кој го смисли Франц Хавиер Мајр во дваесеттите години на минатиот век.

Методот на Мајр се заснова на интуитивна потрошувачка на храна што треба да поттикне здраво варење. Постои дури и клиника посветена на овој метод – VivaMayr во Австрија, а нивна пациентка беше и самата Ребел Вилсон.

Советите дадени во таа клиника се засноваат на здравствените потреби на поединците, но тие се главната специјална диета и земање додатоци. Ова се општите правила на методот Mајр што секој може да ги следи:

Наместо калории, бројте ги закуските

Намалувањето на калориите не е добар потег за губење или одржување на телесната тежина, според оваа диета. Наместо тоа, се препорачува консумирање храна поинтуитивно и фокусирање на она што е на чинијата. На луѓето им се препорачува да јадат во мир и тишина и да го џвакаат секој залак околу 40 пати – затоа, забранета е брза вечера пред екранот.

Течност не се пие со оброци

Мајровиот метод препорачува пиење течности помеѓу оброците, а не додека џвакате храна. Тие исто така препорачуваат да јадеме два или три поголеми оброка на ден, наместо неколку помали.

Нема оброци навечер

Доколку сакате да ја следите оваа диета, не смеете да јадете после 17 часот. Исто така, треба да поминат четири до пет часа помеѓу секој оброк за правилно варење на храната.

Тргнете ги млечни производи и намалете го глутенот

Методот на Мајр вклучува елиминирање или барем значително намалување на внесувањето на млеко и млечни производи. За нив се смета дека се извор на низа дигестивни проблеми. Исто така, се препорачува да се намали внесувањето на глутен во организмот. Исхраната треба да се базира на многу зеленчук, риба и други здрави извори на омега 3 масни киселини, како што се ореви и семиња.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement