Експертите од порталот PriceYourJobs откриле дека повеќето луѓе ја исплакнуваат четката за заби под вода пред и по четкањето, што значи дека тие не ја чистат хигиенски, особено помеѓу влакната. Така тие всушност шират бактерии на забите.
Универзитетот во Манчестер откри дека повеќе од 100 милиони бактерии, вклучувајќи Ешерихија коли и стафилококи, се скриени во четки за заби. Ако тоа е случај со вас, забите ги чистите со нечиста и нехигиенска четка полна со бактерии.
Како да ја исчистите вашата четка?
Еден начин е да ја натопите во антибактериско средство за миење на устата и да ја задржите 30 секунди.
Ако немате средство за миење на устата, можете да користите мешавина од вода и две лажици сода бикарбона.
