Ние често ги користиме оревите во нашата диета, како закуска или дел од рецепти за колачиња, можеби и несвесни за тоа колку се добри за нашето кардиоваскуларно здравје.
Но, покрај вкусните плодови, можеме да ги користиме и малите „прегради“ кои се наоѓаат меѓу оревите во внатрешноста на обвивката, и тоа на феноменален начин!
Имено, чајот од преградите во оревите работи одлично против запушени артерии, сите срцеви заболувања и треска предизвикана од проблеми со срцето, а особено се препорачува кај пушачите.
Постојаната конзумација на никотин доведува до стеснување на крвните садови и токму затоа овој чај е посебна препорака за пушачите.

Еве еден рецепт за чај од преградите на оревот:
Состојки: 4-5 прегради од ореви, вода.
Подготовка на чај: Потопете ги преградите во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Утрото, зовријте ја водата со преградите и кога ќе зоврие, тргнете ја од оган и почекајте да се излади, а потоа исцедете ја.
Конзумирање: Чајот треба да се пие топло на празен стомак, во голтки. Се пие еднаш дневно, секој ден без прекини. Кога се пие редовно, дејствува и за регулирање на високиот крвен притисок.
