Во 2014 година, Џеј Зи официјално стана сопственик на брендот за шампањ Champagne Armand de Brignac…
Овој познат бренд во продажба пушта околу 60.000 шишиња шампањ на годишно ниво, а секое од нив е ексклузивно на свој начин, заедно со прочуениот Ace of Spades потпис. Според скорешната приказна која тивко се појави меѓу луѓето кои блиски со овој бренд, омилениот вариетет на Џеј Зи е ултра ретката Blanc de Noirs A2 мешавина, која додека сеуште била на пазарот се продавала по цена од 850 долари. Сепак, како што дознаваме, најновото куве на овој бренд ќе биде уште поекстравагантно.
Сега, на сцената стапува Blanc de Noirs Assemblage Three A3, кој претставува трет ансамбл на Armand de Brignac кувето, а ќе има цена од 1.000 долари по шише. Овој шампањ ќе претставува најретко и најскапо куве со потписот на овој бренд, кое е некогаш креирано.
За да се задржи неговата ексклузивност, направени се само 3.535 шишиња. Според наодите, шампањот има шмек на кајсија, боровница, путер и ѓумбир, додека неговиот вкус е опишан како богат, со ноти на црна рибизла, слатки, ванила, јагода и слива.

