Многу богати и славни луѓе уживаа во овој божествен коктел, па не би било лошо да му дадете шанса. Bellini е нектар што мора да го пробате.
Bellini е измислен од Џузепе Ципријани, основач на славниот бар Harry’s во Венеција. Тој промешал пире од бела праска од Верона со пенливо вино и така создаде пијалок што му го посвети на венецијанскиот уметник од 15 век Џовани Белини, а изјави дека бојата на коктелот е инспирирана од боите што уметникот ги користел во неговото дело.
Пијалокот го уживале многу познати уметници како Ернест Хемингвеј, Синклер Луис и Орсон Велс, а подоцна пијалокот стана хит и во Њујорк. Денес, коктелот се наоѓа на списокот на официјални коктели на IBA (Меѓународна организација на конобари), што го прави еден од најчесто направените коктели во светот.
Можете исто така да направите варијација на овој пијалок со јагоди. Готвачот Нигела Лосон ја нарекува Rossini fragonard и тоа го прави мешајќи пире од јагоди со две супени лажици шеќер и шише пенливо бело вино пронсеко.
Состојки за коктел Bellini:
700 мл шампањ
300 мл пире од праска
Подготовка:
1. Измешајте го пенливото вино со пирето од праска. Во зимската сезона, можете да користите праска од конзервиран компот што треба да се испасира.
2. Важно е состојките да бидат многу ладни затоа што не треба да додавате мраз на овој пијалок.
Оригиналниот рецепт налага дека овој коктел никогаш не го правите во блендер бидејќи ќе ја изгубите фината текстура на овошјето и божествените меури.
