Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

9 трикови за убавина кои ги користела Мерлин Монро…

Икона за убавина чиј гламур носи вечна моќ.

Иако поминаа 50 години од нејзината смрт, Мерлин Монро се уште важи за една од најубавите жени на сите времиња. Беше и остана препознатлива по русите локни, полни усни, насмевка, но и по беспрекорниот изглед кој многу го негуваше.

Со оглед на тоа што многумина се прашуваат која е тајната на совршениот изглед на оваа холивудска дива, решивме да ви откриеме девет трикови за убавина кои Мерилин ги користела.

  1. Се криеше од сонцето
    -Јас лично сум против силен тен бидејќи сакам светла кожа и коса – изјавила Мерилин во една прилика и покрај тоа што тогаш сончањето било „во мода во Калифорнија“.
  2. Сакаше многу специфична нијанса на руса коса
    Ако некогаш сте се запрашале каква нијанса на коса побарала од фризерката, веројатно немаше да претпоставите дека станува збор за нијанса наречена „белa навлака за перница“. Според новинарката Памела Кеог, Мерилин ја избелувала косата на секои три недели на различен фризер. За да не се мие премногу, таа користела детска пудра секој втор ден наместо сув шампон.

Трик за полни усни

Тајната е во добрата употреба на руменилото. Нејзиниот шминкер ќе нанесе до пет различни нијанси на црвено, потемно однадвор и посветло одвнатре – за да создаде илузија на димензија и исполнетост.

  1. Десет часа сон
    Мерлин еднаш рекла дека е многу голема спанка и дека кога немала обврски, спиела по десет часа.
  • Недела е мојот единствен ден кога сум целосно слободна. Понекогаш ми требаат два часа да се разбудам бидејќи уживам во секој момент на поспаност – изјавила таа во едно интервју.
  1. Спиела без облека
    Познато е дека актерката не носела облека во кревет, наведувајќи дека пижамите и „морничавите ноќници“ и го нарушуваат сонот. Сепак, она што го носеше беа пет капки Chanel бр.5, парфем што толку многу го сакаше што го додадaвала во своите ледени купки.
  1. Се капела во ледена вода
    Додека Вим Хоф и бројни спортисти ги популаризираа тушевите и купките со мраз, Мерилин ги користеше многу порано за да ја одржи својата кожа цврста и затегната.
  2. Врвен дерматолог
    Мерилин редовно одела кај познатиот унгарски дерматолог Ерна Ласло. Со оглед на тоа дека страдала од сува кожа, Ласло и препишал на актерката ригорозна рутина за нега на кожата која варирала во зависност од времето од денот и приликата. Нејзината вечерна рутина за нега на кожата започнувала со чистење со специјално масло, потоа нанесувала специјална крема па ја исплакнувала, а потоа нанесувала лосион.
  3. Вазелин за сјај на кожата
    Мерилин порано ставаше вазелин под основата за да и помогне на кожата да изгледа сјајно.
  4. Вежби за зајакнување на градите
    -Не би можела да поднесам тренинзи ако поради тоа морам да се чувствувам премногу дисциплинирана – изјави таа за нејзиниот пристап кон вежбањето.

Наместо тоа, таа уживаше во „едноставна рутина за зацврстување на градите“ која вклучуваше кревање два тегови од пет килограми над главата 15 пати, движејќи се од „положба на орелова рака“, според Vogue.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement