Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

6 намирници кои буквално ќе ве усреќат

Бразилски орев

Бразилските ореви се производ со најголема содржина на селен. Истражувањата покажаа дека луѓето на кои им недостасува оваа супстанца се повеќе склони кон депресија, раздразливост и хроничен замор. Доволно е само три ореви на ден.

Остриги

Овој деликатес на морска храна е познат не само по својот уникатен вкус, туку и по својата висока содржина на цинк, неопходен за репродукција на енергија и мозочна функција. Покрај тоа, овие школки придонесуваат за создавање на тирозин во организмот, аминокиселина која помага при ублажување на нервната напнатост. Само три парчиња се доволни за подобрување на расположението.

Банани

Бананите се складиште на корисни микроелементи. Меѓу другите – аминокиселини триптофан, како и витамини А, Б6 и Ц, растителни влакна, калиум, фосфор, железо и здрави јаглехидрати. Здравите јаглехидрати помагаат во апсорпција на триптофан, додека витаминот Б6 го претвора во серотонин, кој е одговорен за расположението. Половина банана наутро – и вие сте среќни.

Леќa

Тоа е комплексен јаглени хидрати, така што леќата, како и бананите, го забрзува производството на серотонин. Исто така, помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, притоа одржувајќи го расположението. Покрај тоа, леќата е богата со фолати и железо. Дневната доза е половина чаша.

Темно чоколадо

Најпознат начин за подигнување на расположението е парче чоколадо, но во неговото најтемно издание и во умерена количина. Една неодамнешна студија во која 30 луѓе земаа 40 грама црно чоколадо за 14 дена, откри дека нивото на стресни хормони е намалено.

Овесна каша

Како што знаете, овесната каша е најдобриот појадок. Овозможува енергија во текот на денот, благодарение на бавните јаглехидрати. Друг плус е високото ниво на селен. Во кашата додадете парчиња банана, семе од чиа, суви кајсии или путер од кикирики.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement