Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

5 сосови кои најдобро одат со пилешко месо

Соодветниот сос, дури и од најобично печеното пиле или пропржениот стек, знае да направи гастрономско уживање.

Ова се 5-те сосови кои најдобро одат со вкусот на пилешкото месо:

1. Сос со бело вино

Состојки:

  • 1/3 шолја ситно сечкан кромид
  • ½ шолја пилешки бујон
  • ¼ шолја суво бело вино
  • 2 лажици бел вински оцет
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици ситно сечкан копар

Во едно тавче ставете масло за готвење, па во него пропржете го кромидот 2-3 минути. Додадете го бујонот, белото вино и оцетот, па мешајте додека смесата не зоврие. Варете додека не добие густина, односно околу 5 минути.

На крај додадете го путерот и копарот, па уште еднаш промешајте додека путерот не се растопи. Прелијте со месото додека сосот е топол.

2. Сос со лук, јаворов сируп и рузмарин

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • ¼ шолја суво бело вино
  • ¼ шолја пилешки бујон
  • 2 лажици јаворов сируп
  • 2 лажици сенф
  • ¾ лажичка сечкан свеж рузмарин
  • Малку бибер

Во тава загрејте го маслиновото масло, па додајте го лукот. Динстајте 30-тина секунди со постојано мешање. Додадете ги сите состојки и варете околу 5 минути со повремено мешање.

3. Сос од мајонез и лимонов сок

Состојки:

  • ¼ шолја мајонез
  • 2 лажици бел оцет
  • 1 лажица свеж лимонов сок
  • ½ лажичка мелен бибер
  • ¼ лажичка сол
  • 1 мелено чешне лук

Изгмечете го лукот за да испушти течност, па во неа додадете ги сите останати состојки наеднаш. Промешајте 1-2 минути и сосот е готов! Најдобро се служи на подоладено месо.

4. Лут сос

Состојки:

  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • 2/3 шолја пилешки бујон
  • 3 лажици мармалад од портокал
  • 1,5 лажици соја сос
  • 1,5 лажица свеж лимонов сок
  • ¾ лажичка лут чили сос

Во тава на средна температура загрејте малку масло. Додајте го ѓумбирот, пржете 1 минута, па додадете ги другите состојки, со исклучок на лимоновиот сок и лутиот сос. Мешајте додека не зоврие, односно додека смесата не стане погуста.

На крај прелијте го лимоновиот сок и чили сосот, па добро промешајте пред да го натопите пилешкото во него.

5. Турски сос

Состојки:

  • ½ шолја ратопен путер
  • ½ шолја брашно
  • 4 шолји пилешки бујон
  • Малку мајчина душичка
  • Сокот од печеното пилешко
  • Сол и бибер по вкус

Направете запршка од путерот и брашното, па оставете ја на страна. Во посебно тенџере ставете го пилешкиот бујон, мајчината душичка и сокот од пилешкото месо. Оставете да зовире.

Намалете ја температурата и додадете ја смесата од путер и брашно. Варете 10-тина минути, односно додека смесата не згусне. Зачинете, процедете за да ја извадите мајчината душичка, па прелијте го пилешкото.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement