Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

5 совети за исхрана кои ќе ви помогнат подобро да стареете…

Дури и малите промени во нашите секојдневни навики во исхраната можат да го намалат ризикот од многу болести поврзани со стареењето
Добрата вест е дека никогаш не е доцна да се грижите за вашата исхрана и здравје, а овие пет совети дефинитивно треба да ги имате на ум:

Избегнувајте преработено месо
Бројни студии открија поврзаност помеѓу честото консумирање преработено месо и лошото здравје. Студијата на Харвард покажа дека конзумирањето само една порција преработено месо дневно (сланина, колбаси и филета) е поврзано со 42 отсто поголем ризик од срцеви заболувања и 19 отсто зголемен ризик од дијабетес. Други студии исто така покажаа дека преработеното месо има поголем ризик за развој на рак на дебелото црево.

Јадете во бои, по можност сина
Иако никогаш не е добар избор да се концентрираме само на една група на храна или супер храна, треба да ги издвоиме боровинките. Едно истражување покажа дека консумирањето шолја боровинки дневно го намалува крвниот притисок. Повеќето од нас не можат (и не сакаат) да јадат шолја боровинки на ден, но поентата е дека дефинитивно треба да додадете во вашата исхрана овошје и зеленчук со темна боја – боровинки, цреши, спанаќ и кељ. Тие се полни со хранливи материи, влакна и каротеноиди.

Прескокнете ја пакуваната храна
Како можете да знаете дека храната е преработена? Еден добар показател е дали доаѓа во пакет што треба да се искине. Ако не сте сигурни што е тоа, замислете чипс, гранола, брза храна, замрзнати готови оброци… Но, секое правило има исклучоци, па некои цели, необработени намирници, кои се добри за здравјето, доаѓаат спакувани по потреба. Тоа се, на пример, јаткасти плодови, јајца, маслиново масло, млеко…

Правило за една состојка
Ако пакуваната храна содржи само една состојка (пилешко, сирење), ова е веројатно разумен избор.

Суплементи – да или не?
Витамини, минерали, растителни екстракти, студија по студија ги открива придобивките од земањето суплементи, но дали е навистина така? Или фрламе пари? Се чини дека – да. Затоа, заштедете пари и инвестирајте во нов пар чевли за пешачење, членство во теретана или вкусен здрав оброк со семејството и пријателите. Сето ова веројатно ќе направи повеќе за вашето емоционално и физичко здравје отколку додатоците.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement