Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

5 намирници кои ќе ви помогнат да стекнете убави мускули до лето

Изградете мускулна маса!

Во потрага по идеална фигура, не е доволно само да изгубите вишок килограми. За да може телото да изгледа затегнато и убаво, важно е да се води грижа за дефиницијата на мускулите, а без тренинг е невозможно да се постигне тоа.

А за да може спортот да биде уште попродуктивен и што побрзо да добиете резултат, важна е урамнотежена исхрана. Избравме пет намирници кои ќе ви помогнат да изградите мускули.

Јајца
Се разбира, сите спортисти знаат дека јајцата помагаат во градењето на мускулите. Сето тоа благодарение на големата количина протеини (12 грама на 100 грама производ). Но, не треба да се потпирате премногу на јајцата: покрај хранливите материи, тие содржат и голема количина холестерол, па затоа е подобро да не консумирате повеќе од три јајца неделно.

Ракчиња
Ракчињата се одличен извор на протеини. На 100 грама производ, содржината е 19 грама, а во исто време тие имаат ниска калорична содржина. Протеините во нивниот состав многу добро се апсорбираат и можат да се натпреваруваат со јајцата во тој контекст.

Наут
Многу луѓе сметаат дека вегетаријанците и веганите им е тешко да добијат мускулна маса, поради нивната исхрана. Сепак, еден од производите што им помага да го сторат тоа е наутот, кој може да се јаде свеж без преработка или во форма на хумус. 100 грама сиров наут (леблебија) содржи 19 грама протеини – повеќе од многу видови месо.

Риба
Во просек, различни видови риби содржат околу 20 грама протеини на 100 грама производ. Покрај тоа, рибата е богата со омега-3 масни киселини, кои, според бројни студии, исто така го забрзуваат растот на мускулната маса.

Швапско сирење
Ако не сте алергични на лактоза, сирењето може да биде одличен извор на протеини, бидејќи содржи голема количина на казеин (17 грама на 100 грама производ) – протеин кој се апсорбира подолго време и, меѓу другото, дава чувство на ситост подолго време.

Прочитај

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Advertisement