Единственото нешто што ви го разубавува животот во последните неколку недели е ламбата од ладилникот? Дали обожавате да грицкате покрај ТВ и покрај каењето што ве гризе паралелно? А што ако некој мавне со волшебно стапче и – целата вина исчезнува?!

Дали има достојна замена за класичната „нездрава храна“, која толку совршено се меша со Нефтликс во раните часови, без да ве здебелува и да предизвика каење? Секако. Следното се едноставни рецепти за закуски кои не само што не дебелеат, туку го забрзуваат метаболизмот и ве заситуваат брзо.
Сладок компир обложен со маслиново масло
Помфритот е смрт за линијата, но има уште подобра замена: исечете го слаткиот компир на парчиња, премачкајте со лажичка маслиново масло, сол, додадете малку цимет и печете на 200 степени половина час.
Моцарела со сос
Посипете ги парчињата моцарела со италијански сос од црвен домат и кромид. Оваа закуска содржи помалку од 100 калории.

Интегрален чипс со сос од салса
Салсата е полна со капсаицин, топла состојка во чили пиперките што го забрзува метаболизмот. Едно истражување покажа дека конзумирањето чили јадења троши до 1.000 калории повеќе секој ден.
Нискокалоричен омлет
Направете омлет од 4 белки и една жолчка, кои ќе ги измешате со исечени домати и сол. Оваа вкусна закуска има помалку од 150 калории.

Тофу салата со чили
Самиот тофу, признаваме, е прилично невкусен, но ако комбинирате пржен тофу со пиперки, зелка, кромид, чили и лук, ќе бидете многу пријатно изненадени. Вкусно, нискокалорично и богато со протеини со висока вредност!
