Има намирници кои не прават физички поподготвени за се што не чека од утро до вечер.
Многу често наутро не спиевме доволно, па затоа е добро да внесеме нешто во телото што ќе го опорави. Ако мислевте дека кафето е најдобриот пијалок за почеток на денот, за да бидете енергични и будни, можеби се лажете.
Има намирници кои ни даваат повеќе енергија за она што не чека од утро до вечер.
Нормално е во еден момент да се измориме на работа, особено ако напорно сме работеле со денови без пауза. Сепак, потребно е да се бориме и да продолжиме со секојдневните обврски. Нутриционистите препорачуваат да одвоите 15 минути за здрав појадок и да јадете нешто од листата на намирници кои ќе ви помогнат да се вратите во форма.
Сардини
Пакување од 80 грама сардини содржи дури 23 грама протеини. Имајте на ум дека препорачаната дневна доза е 24 до 28 грама од оваа многу важна супстанца.
Сардините се одличен извор на „EPA“ и „DHA“, две масни киселини за кои науката потврди дека лекуваат воспаленија. Бидејќи воспалението е коренот на повеќето болести, сардината ќе ви помогне да спречите разни болести.
Оваа храна е одличен извор на битамин Б12, витамин Д, калциум и селен. Витаминот Б12 е особено важен, бидејќи студиите покажале дека дури 40 отсто од луѓето страдаат од неговиот недостаток.
Покрај тоа, ја намалува напнатоста и анксиозноста.
Јаткасти плодови
Најдобар избор се бадемите кои го подобруваат општото здравје, но и најважното – концентрацијата. Секако, други овошја како што се оревите и лешниците се одличен избор.
Бобинки
Познато е дека има одлично влијание на циркулацијата на крвта и здравјето на организмот, но дали знаевте дека бобинките играат голема улога во подобрувањето на меморијата? Многу истражувања го потврдија тоа, а како најдобар избор се наведуваат боровинките.
Соја
Производите од соја содржат високи нивоа на триптофан и серотонин, кои се директно поврзани со подобрување на функцијата и фокусот на мозокот. Вклучете ја сојата во менито најмалку два пати неделно.
Ако го започнете денот со овие намирници, ќе имате повеќе енергија и сила за сите обврски кои ве очекуваат.

