Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

4 митови за здрава исхрана кои треба да ги заборавите

Колку пати во текот на денот или неделата ја слушате фразата „здрава храна“? Веруваме дека во тој момент помислете на грст овошје, зеленчук, смути, протеини, јаткасти плодови и секако правила кои „мора“ да се почитуваат.

Постојат многу теории за тоа како лесно да изгубите тежина и да ја одржите идеалната тежина. Сепак, многу од овие теории не се навистина вистинити и претставуваат само митови во кои многумина неоправдано веруваат.

Многумина од нас се трудат да живеат поздрав живот и да консумираат повеќе здрава храна. Меѓутоа, во некои случаи тие прават многу грешки.

Иако сме свесни за проблемите на исхраната и културата на исхрана, често не е лесно да го подобриме нашиот однос кон храната, особено ако постојано сме убедени дека одредени навики се здрави.

Затоа за вас ги издвоивме четирите најчести митови за здрава храна во кои многумина веруваат.

1. Треба да јадете само кога сте гладни

Треба да јадете обилен појадок и четири помали оброци. Редовните оброци се гаранција за правилен метаболизам. Затоа, не прескокнувајте оброци и не чекајте да гладувате за да јадете, бидејќи во тој случај има поголеми шанси за прејадување.

2. Храната после 20 часот е забранета

Пред да ја затворите вратата од вашата кујна во 20 часот, знајте дека варењето пред спиење не е она што предизвикува дебелеење. Ако вашето тело троши повеќе енергија или калории отколку што сте јаделе тој ден, грицкањето пред спиење не е воопшто лоша работа, па дури и може да ви помогне да го стабилизирате шеќерот во крвта.

3. Јаглехидратите се непријатели

Верувале или не, на нашето тело му се потребни јаглехидрати за да функционира правилно, особено ако имаме активен животен стил. Иако некои диети промовираат исфрлање на јаглехидратите од исхраната за брзо слабеење, тоа не е добар избор, бидејќи на овој начин губите само течност од телото, па сте полесни, но не ги топите масните наслаги.

Сепак, пред да ставите полн сад со тестенини пред себе, знајте дека клучот за витката линија и здравјето е умереноста.

4. Храната без маснотии е поздрава

Луѓето кои сакаат да ослабат главно се држат до храна без маснотии, која може да има многу повеќе калории од „обичната“ храна. Размислете, кога ќе ги отстраните мастите кои го прават вкусот на храната, мора да ја замените со нешто. Таквата храна содржи и помалку витамини и помалку здрави хранливи материи.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet