Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

3 најздрави појадоци за жени: Ја намалува тежината, ја подобрува крвната слика, ја регулира работата на хормоните!

Познато е дека жените се борат со нивниот метаболизам кога ќе ја преминат триесетта година. Затоа, многу е важно што јадете и како живеете. За брза храна и слатки не станува збор ако сакате здраво и витко тело.

Појадокот е најважната работа, но само кога чувствувате глад, не веднаш штом ќе ги отворите очите.

Пијте многу вода наутро („утрински туш внатре“) и најмалку 4 чаши млака вода пред појадокот.

Избегнувајте кафе, и целосно елиминирајте ги газираните и вештачките сокови. Дури и природни, овошни сокови не се пожелни, подобро е да се јаде цело овошје.

Овошјето се јаде пред пладне, никогаш попладне и е најдобра опција за ручек.

Ви донесуваме три вида на појадок што е пожелно да ги јадете после третата деценија од вашиот живот:

  1. Каша

Без разлика дали станува збор за овесна каша од цели зрна (не инстант) или каша од брашно од хељда, или едноставно палента. Сепак, најдобра опција е да се готви житото и да додадете малку мед и цимет, неколку ореви. Овој појадок ќе го подобри варењето на храната, ќе исфрли токсини од телото и ќе го наполни телото со железо и витамин Б.

  1. Варени јајца

2 варени јајца со парче младо сирење и парче интегрален леб е многу пожелен и здрав појадок. Јајцата ќе го полнат телото со железо, а во исто време тие брзо и ефикасно ќе се распаѓаат во телото.

  1. Супа од коски

Можеби не можете да замислите да јадете супа за појадок, но пробајте. Оваа супа е многу ефикасна и здрава за организмот: покрај регенерирање на ‘рскавицата, таа е и ваша дневна доза на колаген. Работи подобро на телото од сите креми за брчки кои сите ги нанесуваме богато на лицето.

Ако јадете супа за појадок, ќе забележите дека ќе треба да се испразните, веднаш по појадокот, и сметајте дека сте ги исфрлиле сите токсини од вашето тело.

Покрај исхраната, многу е важно и вежбањето. За да бидете здрави, треба да пешачите 6 километри секој ден, и да бидете витки 10 километри. Пешачењето е најздрав и најприроден вид на вежбање, бидејќи не им штети на колената и зглобовите, и го подобрува здравјето.

Бидете здрави, слушајте го вашето тело и внимавајте како се однесувате кон него.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement