Идеално за студени денови, освежувачко, крцкаво и кремасто…
Состојки:
2 јаболки
70 гр шеќер
сок од лимон
3 лажици јаворов сируп или мед
6 бисквити
150 мл слатка павлака
нотка цимет
Постапка за подготовка:
Во тавата ставете шеќер, сок од лимон и јаболка исечкани на коцки. Гответе додека јаболките не омекнат, а потоа додадете цимет и промешајте. Ставете слој јаболка во чаша, прелијте ги со јаворов сируп или мед, покријте со слој од згмечени бисквити, а потоа со слатка павлака. Повторете го процесот додека не останете без состојки.
