Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ЏУЛИЈА РОБЕРТС ИМА ОДЛИЧЕН ПРЕДЛОГ ЗА ФИТ САЛАТА: Неверојатно е вкусна, лесна за подготовка и ќе ве држи сити подолго време…

Фитнес салатата на Џулија Робертс е една од тајните на нејзиниот совршен изглед.Иако генетиката е првенствено одговорна за добриот изглед на многу познати фаци, има и такви кои вложуваат огромен труд за да изгледаат убаво. Една од оние чиј изглед остава без здив е 55-годишната Џулија Робертс, а витката фигура ја одржува благодарение на напорните тренинзи и здравата исхрана.

Џулија редовно тренира со славната фитнес инструкторка Кети Келер, која за неа дизајнираше здрави оброци кои не само што и даваат енергија да го помине тешкото снимање и ја одржуваат сита долго време, туку се и неверојатно вкусни и лесни за подготовка.

Затоа не е изненадување што омилената салата на Џулија Робертс,таканаречената „фитнес салата“, стана вирална речиси преку ноќ, најмногу поради тоа што и помага да остане во форма.

За салатата ви требаат следниве намирници:

1 конзерва наут (425 g)
1 китка бебешки спанаќ
2-3 моркови
1 шака ореви
80 гр фета сирење
бибер

За прелив:

3 лажички оцет
1 лажичка сенф
80 мл маслиново масло
сол
бибер
Подготовка:
Наутот ставете го во цедалка добро да се исцеди. Потоа добро исплакнете го под ладна вода додека да нема повеќе пена. Повторно добро исцедете,а потоа истурете го во сад за салата.

Следува подготовка на преливот, па во помал сад треба да измешате оцет, сенф, сол и бибер во кој многу полека ќе додавате маслиново масло додека сè убаво не се соедини.

Потоа во наутот додадете ги спанаќот и морковот, измешајте, па ставете го преливот. Додадете фета и ореви и зачинете ја салатата со сол и бибер.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement