Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Џесика Симпсон откри како ослабела 45 килограми за 6 месеци: Признала што и било најтешко

Пејачката одлучила отворено да зборува за својата борба со килограмите…

Втора година по ред поп ѕвездата и актерка Џесика Симпсон со гордост го покажува своето тело откако ослабе и ослабе дури 45 килограми.

Имено, Џесика за време на бременоста со третото дете се здебелила речиси 50 килограми, а потоа откако направила големи промени во начинот на живот и го променила начинот на исхрана, успеала да изгуби исто толку килограми.

Иако со своите придружнички редовно го споделуваше своето искуство со различни диети и слабеење, Џесика реши да открие кои промени се најтешки, но и најзначајни во целиот процес.

– Се разбира, нема голема филозофија. Мора да се „фрлите“ во регулирање на исхраната и на вежбањето – изјавила Џесика.

Сепак, еден од најдобрите совети што се издвојува е брзата прошетка секогаш кога имате можност.

– Целта е 10.000 чекори при едно пешачење, што е некои 7,5 километри. Понекогаш шетам со моите деца и сопругот, но најмногу ми се допаѓа кога одам сама. Тоа е драгоцено време и за телото и за психата – вели таа и открива дека тренирала три пати неделно.

Ресетирање на умот

Слабеењето на Џесика беше многу повеќе од вежбање и правилна исхрана. Како што вели Џесика, најтешкиот дел бил да се работи на зајакнување на умот.

Џесика го оставала телефонот и другите облици на комуникација барем еден час дневно, за да го ослободи стресот од прекумерната информација.

„Исклучувањето на социјалните мрежи најмалку еден час секој ден и помогна да спие мирно“, изјави Харли Пастернак, нејзиниот личен тренер.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement