Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Џенифер Анистон ја открива тајната на нејзината добра форма: Вежби кои наликуваат на секојдневни движења…

Актерката Џенифер Анистон секако е една од дамите кои „стареат со стил“ и во полн сјај.

На социјалните мрежи таа ги споделува своите секојдневни моменти со своите следбеници, како и стимулации за водење здрав начин на живот. Таа во неколку наврати изјави дека не очекува луѓето на нејзина возраст да се однесуваат млади, туку дека сака да се грижи за своето тело со своите здрави навики.

На својот „Инстаграм“ профил таа сподели видео во кое во неколку сегменти покажува кои вежби ги применува, опишувајќи ги како „најдоброто нешто што некогаш го направила“.

Во текот на нејзината кариера, таа имаше неколку слики и видеа од нејзиниот тренинг пилатес, трчање, бокс, па дури и скокање јаже, што е доволен показател дека Џенифер е вистински пример за фит дама во нејзините 50-ти.

  • Станував неколку часа пред работа за да правам кардио, што мислев дека мора да боли. Но, овие вежби ми го променија животот – рекла Џенифер, а пренесува Dailymail.Актерката започна со таканаречениот „функционален фитнес“. Тоа е рутина која вклучува работа на мускулите на стомакот, глутесите, квадрицепсите и другите мускули. Сепак, покрај работата на мускулите, овие видови тренинзи се фокусираат и на подобрување на рамнотежата, стабилноста, виталноста и мобилноста.

Вежбите за време на овој тренинг се наменети да имитираат движења што луѓето ги прават секој ден, како што се станување од кревет или земање предмети од подот. Во вежбите се вклучени опрема како мали и големи топчиња со одредена тежина или еластична лента за нозете.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement