Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Јапонска метода на долговечност – правила за здрав и долг живот!

Која е тајната на долговечноста? Здравата исхрана и физичката активност се предуслови, но покрај нив, неопходно е да се негува здравиот дух и енергијата на оптимизмот. Јапонците кои ја доживеале стотата година имале одредени навики и рутини на животот што секој може да ги примени, а еве што ќе ви помогне да останете здрави и да бидете долговечни:

Навики што треба да се воведат во секојдневниот живот:

Не пијте кафе повеќе од еднаш дневно.
Не јадете после 17 часот.
Јадете што е можно помалку масна храна.
Пијте многу вода наутро и помалку навечер.
Најдобро време за спиење е од 22 часот до 6 часот наутро.

Важно е да јадете што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук, а овие сокови се издвојуваат:

Морков + ѓумбир + јаболко – го поддржува и чисти вашиот имунолошки систем.
Јаболко + краставица + целер – го намалува холестеролот, го олеснува варењето и главоболките.
Домат + морков + јаболко – ја подобрува бојата на кожата и го елиминира лошиот здив.
Горчлив пипер + јаболко + млеко – спречува лош здив, помага при настинки и треска.
Портокал + ѓумбир + краставица – Ја подобрува влажноста на кожата и го детоксицира телото.
Ананас + јаболко + лубеница – го отстранува вишокот сол, го храни мочниот меур и бубрезите.
Јаболко + краставица + киви – Ја хидрира кожата и телото одвнатре.
Морков + јаболко + круша + манго – Ја зголемува внатрешната топлина на телото, отпорност на токсини, го намалува крвниот притисок и помага во борбата против општата оксидација на телото.
Папаја + ананас + млеко – содржи витамини Ц, Е, железо. Го подобрува тонот на кожата и
метаболизам.
Банана + ананас + млеко – Богата со витамини и хранливи материи, спречува запек.

Главниот совет – пијте вода на празен стомак! Јапонската тајна за долговечноста е да пиете чаша вода веднаш по будењето. На овој начин ќе го започнете метаболизмот, ќе го хидрирате телото, ќе имате повеќе енергија и ќе го започнете денот подобро.

Метод на јапонска превентивна здравствена терапија:

  1. Наутро по будењето, пијте 4 чаши вода, по 160 мл (пред да ги измиете забите)
  2. Откако ќе ги измиете забите, не јадете и не пијте 45 минути.
  3. По 45 минути можете да појадувате како и обично.
  4. По појадок, ручек или вечера, не јадете ништо во следните 2 часа.
  5. Ако не можете да пиете 4 чаши вода одеднаш, можете да започнете со помала доза и постепено да ја зголемувате до препорачаната количина.

Не пијте ладна вода за време на оброкот, туку превземете ја јапонската навика и збогатете го оброкот со топол чај. Ако пиете вода за време на оброците, храната ќе се вари побавно, но ако му дадете на вашето тело уживање во топол билен чај, тоа ќе има позитивен ефект врз него и може да ги подобри метаболичките функции и процесот на варење.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement