Позитивно влијаат на бројни процеси во организмот и спречуваат развој на многу болести…
Сувите сливи се неправедно занемарен десерт, а покрај убавиот и сладок вкус, тие имаат и бројни позитивни здравствени ефекти.
Ова се само некои од придобивките:
Забрзуваат бројни функции на телото
Во 100 грама сливи има 732 милиграми калиум. Овој макроминерал е неопходен за нашето тело, бидејќи му помага правилно да функционира и спречува бројни болести, пренесува Bright Side.
Калиумот го намалува ризикот од мозочен удар, ги зајакнува коските и мускулите и го стимулира правилното функционирање на нервниот систем.
Се препорачува дневно внесување од околу 4700 милиграми калиум, а тоа ќе го постигнете доколку во вашата диета комбинирате сливи со зелени лиснат зеленчук, банани или јаболка.
Добри се за крвта
Недостаток на железо во телото може да предизвика анемија, што може да доведе до сериозни компликации, како што се хроничен замор, проблеми со срцето или белите дробови и проблеми со бременоста.
Сувите сливи се одличен извор на железо, што ги прави еден од подобрите производи кои помагаат да се спречат овие проблеми.
Тие го подобруваат варењето на храната
Сувите сливи се полни со растителни влакна, а една чаша од ова камен овошје содржи 12 грама растворливи влакна, кои покрај природниот лаксатив сорбитол, помагаат и во правилното функционирање на цревата.
По тој повод, се препорачува да се јаде најмалку шест сливи на ден.
Го регулираат одењето во тоалет
Ако страдате од запек, тоа може да изврши дополнителен притисок врз мочниот меур и да предизвика почесто мокрење.
За да го спречите ова, треба да ја додадете следнава смеса: чаша сок од јаболко, чаша овесна каша и 3/4 чаши сливи.
Измешајте ја добиената смеса и растворете 1-2 лажици во 240 милилитри вода и пијте пред спиење. Ќе видите позитивен ефект следниот ден.
Топи килограми
Благодарение на влакната, јадењето сливи може да ви помогне да останете сити долго време и успешно да ја контролирате вашата тежина.
Две групи на дебели жени учествуваа во оваа студија. Една група вклучувала сливи во здрава исхрана, а за 12 недели, жените од таа група изгубиле 4,4 килограми.
Ги зајакнуваат коските
Ако страдате од остеопороза или сте во ризична група за добивање на тоа, консумирањето сливи, особено кај жените, спречува појава на оваа непријатна болест.
Го регулираат крвниот притисок
Високиот крвен притисок понекогаш нема изразени симптоми, но подмолно влијае на срцето, бубрезите и создава други проблеми во организмот. Ако комбинирате сливи со суво грозје, ќе го намалите ризикот од крвен притисок.



