Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Шест намирници кои го одржуваат мозокот здрав

Со возраста, функциите на мозокот неизбежно слабеат.

Ова е сосема нормално, и иако не можете да го спречите, тоа не значи дека не треба барем да се обидувате да го забавите процесот. А тука доаѓаат намирниците кои го чуваат здравјето на мозокот и ја подобруваат меморијата.

Скуша
Омега-3 масните киселини им даваат флуидност на клеточните мембрани, што ја подобрува комуникацијата помеѓу клетките. Скушата е полна со омега-3 масни киселини и ако ја јадете неколку пати неделно, можете да ја зголемите вашата способност за учење, да го подобрите вашето расположение и меморија.

Така, никогаш повеќе нема да заборавите да ставите скуша во вашата потрошувачка кошница.

Киви
Само едно киви содржи повеќе витамин Ц од дневно препорачаното, а во исто време го штити мозокот од слободните радикали, кои можат да ја намалат неговата функција, да ја забават меморијата и способноста за решавање проблеми. Изберете меки киви кои можете да ги јадете со лажица.

Бадеми
Фенилалалинот во бадемите има способност да ја премине границата помеѓу крвта и мозокот, при што ги стимулира невротрансмитерите допамин, адреналин, нореадреналин, кои го подигнуваат расположението. Бадемите се богати со рибофлавин (Б2) кој ја подобрува меморијата.

Суви кајсии
Истражувањата во Америка покажаа дека високите количини на железо ја зголемуваат нервната активност на левата хемисфера на мозокот (одговорна за аналитичко размислување). Затоа, јадете неколку суви кајсии дневно, бидејќи нивниот витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железото. Во исто време, сувите кајсии позитивно влијаат на варењето.

Јајца
Холинот, кој се наоѓа во јајцата, ја одржува флексибилноста и интегритетот на мембраните на мозочните клетки, без кои хранливите материи базирани на маснотии, како и отпадните производи на метаболизмот, не би можеле да поминат низ клеточните ѕидови.

Холинот е клучна компонента на ацетилхолинот кој пренесува пораки помеѓу нервите и мускулите. Јајцето е вистински подарок за вашиот мозок!

Телешки црн дроб (џигерица)
Според резултатите од едно американско истражување кое се занимавало со темата стареење, се покажало дека храната богата со фолати е добра за мозокот и го намалува ризикот од добивање Алцхајмерова болест. Телешкиот црн дроб содржи особено високи концентрации на фолати.

Најдобриот и едноставен начин е да се пржи со кромид, а секако иде со добро црвено вино.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement