Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Шерон Стоун има 64 години и изгледа исклучително фит: Што јаде ѕвездата од „Ниски страсти“?

Шерон Стоун има 64 години, а нејзиното тело сведочи за она за што отворено зборува – не дозволува годините да ја направат негативна. За неа стареењето е сосема нормално, дел од нејзиниот развој.

Секоја изјава што ја дава за стареењето е мала лекција за самодоверба. Таа доминира на црвениот тепих, од нејзиниот изглед се чита само едно: убава е во своја кожа.

Покрај вообичаеното вежбање четири или пет пати неделно, вклучувајќи пилатес, истегнување на целото тело, тренинг за сила, јога и танц, Шерон Стоун има и одреден тип на диета што ѝ се допаѓа.

Нејзината исхрана се состои од многу нискогликемиски намирници како киноа, леќа и зеленчук.Сака риба, посно месо и јајца.

Актерката, чиј изглед стана концепт на врвна женска фигура, сака да јаде што сака, но внимава да не претера. Некои од нејзините омилени јадења вклучуваат пилешко на скара, јагнешко месо, лосос и шницли со парен зеленчук, пренесува Hellomagazine.com, кој ја истакнува изјавата на актерката за WebMD:

  • Не јадам многу преработена храна, иако не можев без чипс!

Исто така, Шерон Стоун претпочита билни чаеви без кофеин наместо кафе.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement