Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Шерон Стоун во седмата деценија од животот блеска како во деновите на нејзината најголема слава, а клучот за нејзиниот сензационален изглед лежи во доследноста…

Од кога ја заслужи титулата секс симбол со улогата во филмот ‘Raw Passions’, убавата Шерон Стоун не престанува да привлекува воздишки, а се чини дека од деведесеттите до денес не е многу променето. На задоволство на многубројните фанови, холивудската икона позираше во минијатурно бикини и се пофали со сензационален изглед, а фотографијата за краток период собра над 200 илјади лајкови…

Иако во март наполни 64 години, секс иконата Шерон Стоун докажува дека сепак заслужува да ја носи оваа ласкава титула, која ја заработи со улогата во филмот „Сурови страсти“.

„Зошто влегувам во форма само кога ќе заврши летото“, напиша актерката покрај фотографијата на која насмеано позира во минијатурни бикини со бохо дезен.

„Изгледаш фантастично“, „Мила, ти си најголема мотивација“, „Секогаш си во најдобра форма“, се само дел од комплиментите.

Денес, 64-годишната актерка ја започна својата кариера во 70-тите години на минатиот век, кога како модел го привлече погледот на познатиот режисер Вуди Ален.

Токму тој ѝ даде улога во неговиот филм „Сеќавања на ѕвездената прашина“, а по „Сурови страсти“ заработи светска слава.

Инаку, за една од омилените холивудски актерки менталното здравје е исто толку важно како и физичкото, па се труди да биде многу активна во текот на денот.

Шерон ја должи својата беспрекорна фигура во седмата деценија на посветениот тренинг, а вежба четири до пет пати неделно комбинирајќи различни видови на тренинзи.

Таа избегнува алкохол, кофеин и глутен, а нејзиното мени обично се состои од храна со низок гликемиски индекс што сама ја подготвува.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement