Претседателот на Русија има посебни навики на кои се придржува во текот на денот.
За Владимир Путин често се вели дека е ноќна птица, бидејќи поради бројните обврски и различните временски зони во Русија, тој е принуден да работи до доцна во ноќта. Затоа првиот утрински оброк е дури напладне.
Појадокот на првиот човек на Русија изгледа вака: омлет направен од јајца од препелица, чинија овесна каша со неколку парчиња сирење, пренесува Newsweek.
Заедно со појадокот, Путин обично пие сок од домашна репка и сок од рен.
По обилниот појадок, претседателот на Русија го пие своето прво утринско кафе, а потоа оди на тренинг, кој обично се состои од пливање и кревање тегови.
Ги гледа првите утрински вести во теретана и добива политички идеи токму во базенот, додека плива.
Кога ќе заврши со појадок и тренинг, Владимир Путин е подготвен за политика.
